Ова се извори на
загадуавње кои се предизвикани од страна на човекот. Обично се концентрирани на
помали предели поврзани со поголемите градови, индустриски области, големи
сообраќајници итн., и самото тоа условува создавање на на опасни жаришта кои се
сметаат за критични реони. Тие можат да бидат со локален карактер, ако
претставуваат единечни претпријатија или мали градови до 100 илјади жители,
каде штетните полуции, кои се емитираат, вршат разорување на една или друга
компонентна на животната средина. Со такви извори на загадување можно е да
бидат зафатени и поголеми предели како што се големите градови и индустриски
региони каде различните производствени објекти можат да извршат комплексно
разорување на околината. Сите тие заедно се претвараат во национални критеични
реони, со што се нарушува природната состојба на животната средина и се
нанесува штета на целокупниот жив свет на една држава и нејзината економија.
Загадувачите кои се емитираат во една држава, со воздушните струења се
пренесуваат на големи растојанија, и на тој начин можат да преминат и во држави
кои можеби не претставуваат извори на загадување. Тоа значи дека денешното
атмосферско загадуавње има глобален карактер и не познава национални граници.
Постојат
гоелем број на извори од антропогено потекло кои го загадуваат атмосферскиот
воздух од кои како најважни може да се истакнат: индустријата за производство
на топлина и електрична енергија, металургијата, хемиската индустрија,
градежната индустрија, рударството, прехрамбената индустрија, сообраќајот и
земјоделското стопанство.
No comments:
Post a Comment