Tuesday, May 12, 2015

1.1.1.   градежна индустрија


Во оваа гранка од индустријата се вбројуваат фабриките за производство на цемент, керамика, вар, стакло и др. Поради технолошките својства во производството на овие стопански гранки, во светот па и кај нас се вбројува во редот на претпријатија кои во голема мера го загадуваат атмосферскиот воздух. Значајна одлика на технологијата на градежната индустрија е тоа како суровинскиот материјал се ситне  (меле) до фина состојба, а понатаму се пече на висока температура. Меѓутоа мелењето и натамошните технолошки процеси се поврзани со издвојување на значајна количина загадувачки материи, особено прашина. На пример, во скопска цементарница „УСЈЕ“ во случај филтрите за прочистување да не работат, дневно над градот би се исфрлиле околу 600 тони прашина, или 14 тони за еден час само доколку на еден оџак филтерот не би работел.

1.1.2.   рударство


Загадувачкото дејство на оваа стопанска гранка се состои во издвојување  во атмосферскиот воздух на голема количина прашина, особено ако се работи за површинскиот кап, потоа при товарање растовар, сместување на рудата итн.

1.1.3.   прехрамбена индустрија


Во атмосферата оваа инсустрија исто така издвојува разновидни гасови и пареи кои по својата токсичност не се толку опасни, но поради нивната значајна количина која се ослободува од соединенијата кои се обработуваат во технолошките процеси, од здравствен аспект за човекот можат да бидат штетни.

1.1.4.   сообраќај



            Било да се работи за патен, воздушен или воден сообраќај, атмосферскиот воздух се загадува со големи количини на прашина, чад, сулфур диоксид, јаглерод моноксид и диоксид, азотни оксиди, јаглеводороди олово и други штетни гасови.

No comments:

Post a Comment