Tuesday, May 12, 2015

1.1.1.   индустрија за производство на топлинска и електрична енергија


Во процесите на производство на топлинска енергија во индустриските објекти, во постројките за централно греење, индивидуалните ложишта на домаќинствата и административните простории, доаѓа до висока емисија на штетни полуции, поради големата бројност на емитерите, од една страна и користење главно на фосилни горива од друга страна.
Така кај некои видови на јаглен, покрај големата количина на пепел и згура кои остануваат, по нивното согорување се ослободува и големо количество на испарливи материи. При целосно согорување на енергетското гориво, чадни гасови се состојат од јаглероден диоксид, водена пареа, кислород и азот а доколку содржи и сулфур и тие ќе содржат сулфур диоксид, додека останатите гасови се со незначителна количина.
Големи количини на фосилни горива се користат и при добивање на електрична енергија. Во енергетскиот биланс на многу држави речиси 60-70% од електричната енергија се добива во термоелектраните. Покрај тоа во пораст е и потрошувачката на нискокалоричен јаглен и мазут кои содржат големи количини на сулфур.

1.1.2.   металургија


Во областа на металургијата во прв ред е обоената, во атмосферата во поголеми количини се емитува прашина во форма на карбонати, сулфати, оксиди на олово, цинк, бакар, арсен, кадмиум и берилиум, а и пареи на метално олово, гасови во форма на сулфурни оксиди, сулфурна киселина, флуроводородна киселина, оксиди на јаглерод итн.
Материите од црната металургија кои го загадуваат атмосферскиот воздух може да бидат од хемиска и физичка природа. Нјраспространети штетни материи се сулфурните соединенија, јаглерод моноксид и јаглерод диоксид.

1.1.3.   хемиска индустрија


Ова индустриска гранка спаѓа меѓу најзначајните загадувачи на атмосферскиот воздух. Некои гранки од хемиската индустрија во технолошките процеси користат големи количини на воздух, кои при крајот на технолошкиот процес загаден со туѓи материи, непрочистен повторно се исфрла во атмосферата. Од таков тип се хемиските модерни претпријатија со среден и голем капацитет, со тесен профил, кои произведуваат неоргански соединенија со примена на континуирана технологија. Тука се вбројуваат фабриките за производство на вештачки азотни ѓубрива, производство на сулфурна, фосфорна и хлороводородна киселина итн.

Во производстото на минералните ѓубрива, загадувачот кој го следи технолошкиот процес зависи од видот на ѓубривото што се произведува. Ако станува збор за производство на азотни ѓубрива атмосферскиот воздух се загадува со амонјак и прашина од амониумовите соединенија, а ако се произведуваат мешовите ѓубрива како загадувачи се јавуваат флуорот и прашината.

No comments:

Post a Comment