Tuesday, May 12, 2015

сулфур диоксид

 


Како резултат на билошкото анаеробно разградување на органиските материи, се ослободуваат големи количини на сулфурни гасови, особено сулфур водорот. Може да се претпостави дека издвојувањето на сулфурните гасови по биолошки пат ја надминуваат количината од 30-40 милиони тони годишно, што претставува 1/3 од вкупно издвоениот сулфур на Земјата. Големите количини на сулфурни соединенија во атмосферата се издвојуваат и како резултат на вулканските ерупции. Наведените сулфурни соединенија, главно се наоѓаат во пониските слоеви на тропосферата, но помала количина може да стигне и во стратосферата. На овој начин, просечно земено, во атмосферата се исфрлаат годишно 2 милиони тони соединенија кои содржат сулфур. За тропосферата оваа количина е незначителна во споредба со биолошкото издвојување. Со испарувањето на водата од површината на морињата и океаните, заедно со честичките на морската сол, покрај натриум и калиум, во атмосферата се издвојуваат соединенијата на сулфурот, односно сулфати кои годишно изнесуваат околу 50-200 милиони тони сулфур, што претставува многу поголема количина од емисијата која се емитува по биолошки пат. Но поради големината на честичките тие многу брзо паѓаат и само незначителна количина се искачува во повисоките слоеви на атмосферата или пак се расејува на копното. Потребно е да се истакне дека сулфитите кои потекнуваат од морињата и океаните, не може да се формира сулфурна киселина.
Слика бр.2

No comments:

Post a Comment