Воздухот е гасовита материја составена претежно од азот
(78%), кислород (21%), останатиот 1% го сочинуваат материи како јаглероден диоксид,
водород, водна пареа и други. Воздухот е неопходен за опстанок на живот на
Земјата. Најважен елемент на воздухот за одржување на живот на Земјата е кислородот.
Него го користат и растенијата и животните. Животните и човекот не можат да
издржат без воздух повеќе од неколку минути. Растенијата, низ процесот
фотосинтеза, се најголеми производители на кислород. Водните алги и
фитопланктоните се исто така производители на кислород. Водните алги и
фитопланктоните се исто така производители на кислород, но со помал интензитет.
Уништувањето на шумите и загадуавњето на воздухот и водите се фактори кои ја
зголемуваат опасноста од намалување на кислородот.
Слика бр.1
No comments:
Post a Comment