Атмосферскиот воздух може да се
загади од:
- природни фактори (по приватен пат) и
- антропогени фактори (со активноста на човекот).
Природни извори
Продуцираните
загадувачки материи од природно потекло (почвена површина, продукти на
вулкански ерупции, пожари, биолошки разградувања и др), сами за себе не
претставуваат толкава опасност во споредба со т.н цивилизациските, односно загадувањата кои се
предизвикани како резултат на човечката активност. Близу две третини од
сулфурните соединенија во атмосферата доаѓаат од природни извори, а
соединенијата на азот во воздухот доаѓаат како резултат на активноста на
бактериите. Природните извори на загадување, со исклучок на вулканските
ерупции, се доста широко и рамномерно распространети по цела земјина топка.
No comments:
Post a Comment