Поради се
поголемото загадување на воздухот се наметнува потребата од превземање сериозни
мерки за отстранување на загадувачите или за намалуавње на нивното штетно
дејство.
Затоа сите мерки за
заштита на воздухот треба да бидат сеопфатни и во глобала да го содржат следното:
- локацијата на индустриските објекти треба да биде надвор
од населените места, а во просторот меѓу населените места и индустриските
комплекси да има зелени заштитни појаси
- Индустриските објекти или други извори што го загадуваат
воздухот треба да поседуваат соодветни филтри за пречистување на загадениот
индустриски воздух и да применуваат современи технологии на производство.
- Хемиско и механичко пречистување на штетните состојки во
гасовите
- во поголемите градски агломерации автомобилскиот
сообраќај да се замени со електричен јавен сообраќај кој не емитира штетни
гасови во воздухот. Препорачливо е вградување на апарати за дополнително
согорување, како катализатори, со цел намалување на штетните гасови.
- да се почитуваат правните, законските и административните
прописи, норми и постапки.
No comments:
Post a Comment