Tuesday, May 12, 2015

Мерки на заштита на Воздухот


Поради се поголемото загадување на воздухот се наметнува потребата од превземање сериозни мерки за отстранување на загадувачите или за намалуавње на нивното штетно дејство.
Во материјалниот свет, напоредно со развојот на техниката и технолошкиот процес на производството заштитата на воздухот треба да се третира како обврска на секое општетсво.
Затоа сите мерки за заштита на воздухот треба да бидат сеопфатни и во глобала да го содржат следното:
-       локацијата на индустриските објекти треба да биде надвор од населените места, а во просторот меѓу населените места и индустриските комплекси да има зелени заштитни појаси
-       Индустриските објекти или други извори што го загадуваат воздухот треба да поседуваат соодветни филтри за пречистување на загадениот индустриски воздух и да применуваат современи технологии на производство.
-       Хемиско и механичко пречистување на штетните состојки во гасовите
-       во поголемите градски агломерации автомобилскиот сообраќај да се замени со електричен јавен сообраќај кој не емитира штетни гасови во воздухот. Препорачливо е вградување на апарати за дополнително согорување, како катализатори, со цел намалување на штетните гасови.

-       да се почитуваат правните, законските и административните прописи, норми и постапки.

1.1.1.   градежна индустрија


Во оваа гранка од индустријата се вбројуваат фабриките за производство на цемент, керамика, вар, стакло и др. Поради технолошките својства во производството на овие стопански гранки, во светот па и кај нас се вбројува во редот на претпријатија кои во голема мера го загадуваат атмосферскиот воздух. Значајна одлика на технологијата на градежната индустрија е тоа како суровинскиот материјал се ситне  (меле) до фина состојба, а понатаму се пече на висока температура. Меѓутоа мелењето и натамошните технолошки процеси се поврзани со издвојување на значајна количина загадувачки материи, особено прашина. На пример, во скопска цементарница „УСЈЕ“ во случај филтрите за прочистување да не работат, дневно над градот би се исфрлиле околу 600 тони прашина, или 14 тони за еден час само доколку на еден оџак филтерот не би работел.

1.1.2.   рударство


Загадувачкото дејство на оваа стопанска гранка се состои во издвојување  во атмосферскиот воздух на голема количина прашина, особено ако се работи за површинскиот кап, потоа при товарање растовар, сместување на рудата итн.

1.1.3.   прехрамбена индустрија


Во атмосферата оваа инсустрија исто така издвојува разновидни гасови и пареи кои по својата токсичност не се толку опасни, но поради нивната значајна количина која се ослободува од соединенијата кои се обработуваат во технолошките процеси, од здравствен аспект за човекот можат да бидат штетни.

1.1.4.   сообраќај



            Било да се работи за патен, воздушен или воден сообраќај, атмосферскиот воздух се загадува со големи количини на прашина, чад, сулфур диоксид, јаглерод моноксид и диоксид, азотни оксиди, јаглеводороди олово и други штетни гасови.

1.1.1.   индустрија за производство на топлинска и електрична енергија


Во процесите на производство на топлинска енергија во индустриските објекти, во постројките за централно греење, индивидуалните ложишта на домаќинствата и административните простории, доаѓа до висока емисија на штетни полуции, поради големата бројност на емитерите, од една страна и користење главно на фосилни горива од друга страна.
Така кај некои видови на јаглен, покрај големата количина на пепел и згура кои остануваат, по нивното согорување се ослободува и големо количество на испарливи материи. При целосно согорување на енергетското гориво, чадни гасови се состојат од јаглероден диоксид, водена пареа, кислород и азот а доколку содржи и сулфур и тие ќе содржат сулфур диоксид, додека останатите гасови се со незначителна количина.
Големи количини на фосилни горива се користат и при добивање на електрична енергија. Во енергетскиот биланс на многу држави речиси 60-70% од електричната енергија се добива во термоелектраните. Покрај тоа во пораст е и потрошувачката на нискокалоричен јаглен и мазут кои содржат големи количини на сулфур.

1.1.2.   металургија


Во областа на металургијата во прв ред е обоената, во атмосферата во поголеми количини се емитува прашина во форма на карбонати, сулфати, оксиди на олово, цинк, бакар, арсен, кадмиум и берилиум, а и пареи на метално олово, гасови во форма на сулфурни оксиди, сулфурна киселина, флуроводородна киселина, оксиди на јаглерод итн.
Материите од црната металургија кои го загадуваат атмосферскиот воздух може да бидат од хемиска и физичка природа. Нјраспространети штетни материи се сулфурните соединенија, јаглерод моноксид и јаглерод диоксид.

1.1.3.   хемиска индустрија


Ова индустриска гранка спаѓа меѓу најзначајните загадувачи на атмосферскиот воздух. Некои гранки од хемиската индустрија во технолошките процеси користат големи количини на воздух, кои при крајот на технолошкиот процес загаден со туѓи материи, непрочистен повторно се исфрла во атмосферата. Од таков тип се хемиските модерни претпријатија со среден и голем капацитет, со тесен профил, кои произведуваат неоргански соединенија со примена на континуирана технологија. Тука се вбројуваат фабриките за производство на вештачки азотни ѓубрива, производство на сулфурна, фосфорна и хлороводородна киселина итн.

Во производстото на минералните ѓубрива, загадувачот кој го следи технолошкиот процес зависи од видот на ѓубривото што се произведува. Ако станува збор за производство на азотни ѓубрива атмосферскиот воздух се загадува со амонјак и прашина од амониумовите соединенија, а ако се произведуваат мешовите ѓубрива како загадувачи се јавуваат флуорот и прашината.

Антропогени фактори на загадување на воздухот


Ова се извори на загадуавње кои се предизвикани од страна на човекот. Обично се концентрирани на помали предели поврзани со поголемите градови, индустриски области, големи сообраќајници итн., и самото тоа условува создавање на на опасни жаришта кои се сметаат за критични реони. Тие можат да бидат со локален карактер, ако претставуваат единечни претпријатија или мали градови до 100 илјади жители, каде штетните полуции, кои се емитираат, вршат разорување на една или друга компонентна на животната средина. Со такви извори на загадување можно е да бидат зафатени и поголеми предели како што се големите градови и индустриски региони каде различните производствени објекти можат да извршат комплексно разорување на околината. Сите тие заедно се претвараат во национални критеични реони, со што се нарушува природната состојба на животната средина и се нанесува штета на целокупниот жив свет на една држава и нејзината економија. Загадувачите кои се емитираат во една држава, со воздушните струења се пренесуваат на големи растојанија, и на тој начин можат да преминат и во држави кои можеби не претставуваат извори на загадување. Тоа значи дека денешното атмосферско загадуавње има глобален карактер и не познава национални граници.
Постојат гоелем број на извори од антропогено потекло кои го загадуваат атмосферскиот воздух од кои како најважни може да се истакнат: индустријата за производство на топлина и електрична енергија, металургијата, хемиската индустрија, градежната индустрија, рударството, прехрамбената индустрија, сообраќајот и земјоделското стопанство.